Актерката Рејчел Метјус, е позитивна на корона вирусот.
26-годишната актерка е најпозната по улогата во Дизни филмот „Снежно кралство 2“, ја откри својата дијагноза на Инстаграм во понеделникот.
„Здраво, позитивно сум тестирана на Ковид-19 и во карантин сум изминатава недела. Не сум сигурна што е следниот чекор (добивам разни информации..), но очигледно е дека ќе останам во карантин додека не ми кажат поинаку. Се чувствувам подобро, но ќе објавам некои информации за кои се надевам дека ќе бидат корисни за некого“, напишала.
„Сега е време да се биде паметен и одговорен. Да си помогнеме едни со други“, додалала актерката и со своите следачи ги споделила симптомите, со напомена дека вирусот може да се пренесе и без видливи симптоми.
Актерката спомнала дека првиот ден почувствувала умор, главоболка и болка во грлото, додека веќе вториот добила блага температура (37,9), имала ужасни болки во телото, чувствувала остра болка во белите дробови и и се јавила сува кашлица, а нема ниту апетит.
Третиот ден температурата исчезнала, болките се ублажиле, но ситуацијата со белите дробови се влошила. Вели дека кашлицата се зголемила, отежнато дишела, а чувствувала голем умор. Апетитот не се вратил.
Четвртиот ден симптомите се ублажиле, но и понатаму отежнато дишела. Вели дека изгубила чувство за мирис и вкус, а апетитот и понатаму не и се вратил.
Петиот, шестиот и седмиот ден чувствуала слични симптоми како и четвртиот, но вели дека се чувствувала подобро.
Таа истакнала дека во САД е тешко да се дојде до тестирање, а ја тестирале откако потврдила дека била во контакт со некој кој веќе е позитивен на тестот. На своите фанови им препорачала самоизолација.