Ал Хилал подготвува 175 милиони евра за Рафаел Леао

од Nikola Popovski

Дали е на повидок третиот најголем трансфер во историјата на фудбалот? Саудискиот Ал Хилал сака да ја купи ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, а за тоа, како што пренесуваат португалските медиуми, нема да штедат пари.

Ал Хилал планира да му плати отштета на италијанскиот клуб која изнесува 175 милиони евра, а потоа да ја дополни со нови средства преку директен договор со фудбалерот.

Доколку трансферот се реализира, тој ќе биде трет по големина во историјата по Нејмар кој од Барселона се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра и Килијан Мбапе за кого ПСЖ на Монако му плати 180 милиони евра.

Според најавите, за Рафаел Леао се подготвува сума која не би ја заработил ниту за пет сезони во Серија А.

Како што е познато, Ал Хилал минатото лето ги ангажираше Александар Митровиќ, Нејмар, Рубен Невес и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Слични содржини