Аларм во Британија, драматично соопштение на лекарите: Загрижени сме за кралицата

од Nikola Popovski

Кралицата Елизабета (96) е под постојан медицински надзор во Балморал, откако лекарите рекоа дека нејзината здравствена состојба е загрижувачка, соопшти Бакингемската палата.

„По прегледот утринава, лекарите на кралицата препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението.

Нејзиното потесно семејство е информирано, а соопштението доаѓа откако кралицата, за прв пат во историјата, ја назначи новата британска премиерка Лиз Трас, во замок во Шкотска, наместо во кралската палата во Лондон, поради влошено здравје.

Принцот од Велс и војвотката од Корнвол отпатуваа во Балморал, рече Кларенс Хаус. Таму патува и војводата од Кембриџ, јави Би-Би-Си.

Новата британска премиерка Лиз Трас рече дека „целата земја е длабоко загрижена“.

„Моите мисли и мислите на луѓето низ нашето Обединето Кралство се со нејзиното височество Кралицата и нејзиното семејство во овој момент“, потенцира таа.

Слични содржини