Аларманта вест: Таблетите за болка го загрозуваат здравјето на фудбалерите – можат да умрат на теренот!?

од desk2
77 прегледи

Голем број од професионалните фудбалери ги злоупотребуваат легалните лекови против болки и тоа го загрозува нивното здравје. Последиците можат да бидат фатални, објави поранешниот претседател на медицинската комисија на ФИФА професор Јиржи Дворак за ББС.

Околу половина од играчите на последните три светски првенства секојдневно земале лекови против болки и антиинфламаторни лекови, како ибупрофен, додава тој.
Тој тренд е “алармантен” и нагласува дека голем број тинејџери исто така прибегнуваат кон слични лекови.

“Ова веќе што се случува е културен проблем. И станувао е дел од играта, што е апсолутна грешка. Ова е вистинска злоупотреба на лекови и токму заради тоа го користам овој зборт” загрижувачки “, додаде Бердих, кој во ноември месец ја ја напушти ФИФА, по цели 22 години работа.

Контра зборовите на Дворак од Здружението на професионални фудбалери во Англија тврдат дека злоупотребата на таков тип лекови “не е голем проблем” за нејзините членови.


Коментаторот на Би-Би-Си и поранешниот англиски репрезентативец Дани Милс вели дека таблетите против болики од секогаш биле широко применувани во фудбалот и ќе продолжат да бидат.

“Сум бил во многу соблекувални, каде сум видел други фудбалери кои биле подложени на притисок да играат и затоа примале лекови против болки”, објасни тој.

Милс додаде дека топ фудбалерите не ги гледаат овие лекови како некаков проблем, бидејќи се легални и во повеќето случаи биле забележани од страна на професионалци.

Професорот Дворак собрал податоците од студија, која го зафаќа периодот 1998 – 2014 година и утврдува дека речиси 50% од играчите секојдневно примаат антиинфламаторни лекови и лекови против болки кои се достапни во секоја аптека.

Тој истакнува дека клубовите на прво место го ставаат успехот, а потоа здравјето на фудбалерите, што доведува до принудна прием на лековите, за да се надминат мали повреди и да се игра на важните натпревари. Дворак смета уште дека ФИФА е свесна за овој проблем, но се уште не успеа да комуницира правилно со клубовите.

“Треба да упатиме силна порака до играчите: разбудите се и бидете внимателни. Овие лекови не се толку безопасни како што мислат, но сепак ги земаат како слатки. Имаат несакани ефекти и тоа треба да се знае”, додаде тој.


Би-Би-Си дава пример со тоа што се случи со поранешниот дефанзивец на “Ливерпул” Даниел Агер. Тој се повлече од фудбалот на 32 години, откако неговиот договор со “Брондби” истече во јуни 2016 година.

Петнаесет месеци порано тој се онесвести во соблекувалната, откако беше заменет во 29-тата минута за време на натпреварот со “Копенхаген”. Пред дуелот тој имаше повреда, но во неговата голема желба да игра примил повеќе од дозволена та максимална доза од антиинфламаторниот лек.

“Моето тело не успеа да издржи. Земав премногу такви апчиња во мојата кариера. Бев свесен дека не е убаво, но ете не престанав. Го велам ова за да бидат внимателни другите спортисти. Понекогаш една таблета повеќе или малку може да се покажат како фатални “, рече Агер.