Албанија започна истрага: Руси и Чеси ги шпионирале вежбите на НАТО?

од Vladimir Zorba

Албанското обвинителство започна истрага за шпионажа на воените вежби на НАТО „Бранител на Европа – 2021 година“ (Defender Europe — 2021), за кои се осомничени двајца Руси и пет чешки државјани, пренесуваат албанските медиуми, цитирани до „Спутник“.

Покрената е истрага против руските државјани Георги Буданов и Владислав Черкасов, кои беа во Албанија за време на воените вежби на НАТО во мај-јуни. Според албанската полиција, тие собирале тајни информации.

Претходно, обвинителството и наложи на полицијата тајно да ги следи хотелот во Тирана за да утврди со кого се среќаваат руските граѓани таму, пренесува порталот.

Чешки граѓани, кои исто така се обвинети за шпионажа, влегоа во Албанија на 1-ви мај, пред да започнат вежбите на НАТО. Тие поминаа десет дена во земјата.

Чесите, наводно, го привлекле вниманието на албанските власти откако со изнајмено возило ја обиколиле областа околу воените бази. Исто така, постои сомневање дека тие фотографирале војници на НАТО кои учествуваат во вежбите.

Руската страна сè уште не ја коментирала веста.

Слични содржини