Александрова: Неприфаќање Армија на Северна Македонија, а гласање за НАТО под новото име е популистички трик на ВМРО-ДПМНЕ

од Aleksandar Todeski

ВМРО-ДПМНЕ во суштина прифати се од Преспанскиот договор, но им требаше виновник кога се гласаа уставните измени, па „осумката“ некако им дојде добро алиби за да се задскријат себе во тој процес. Излезе на површина тоа што јас цело време го кажувам и укажувам кон членството кое што не заслужува неискреност и дволични политики од страна на раководството во партијата, вели во интервју за порталот „Ден“ пратеничката од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Емилија Александрова.

Фото: Борче Поповски

Пратеничката е поборник за една изборна единица и отворени листи, бидејќи смета дека во земјата е потребна демократизација на општеството, која почнува од партиите. Вели, со овој модел во составот на Собранието би влегле и други структури на пратеници, од други групи, кои би дале друга слика на парламентарниот состав од 120 пратеника и во некои идни калкулации за формирање на нова влада, тој условувачки притисок од некои политички партии ќе биде намален, а со тоа што ќе биде намален, ќе значи поголема демократизација.

Негласањето на нејзината матична партија на Законот за одбрана, а прифаќањето да се гласа ратификација на Протоколот за НАТО на Република Северна Македонија, за неа е предизборен и популистички трик на ВМРО-ДПМНЕ. Александрова додава и дека на 3. февруари би требало да го поднесат новиот предлог-закон, со кој пресметале дека ќе се намали загадувањето за цели 50 проценти, а за кој очекуваат поддршка од сите партии во Законодавниот дом.

Своето идно дејствување, иако на кратко време пред изборите го нема се уште дефинирано, но вели дека има уште што да каже во политиката.

Имате ли контакт со Христијан Мицксоки и лидерството во матичната партија?

Александрова: Освен двете средби што ги имавме со лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, немаме други контакти. Да потенцирам дека тие две средби беа по негово барање. Имаме отворен пристап, сме за дијалог, меѓутоа се во рамките на своите уверувања и своите идеи како треба да се развива државата, политиката во различни сфери на општественото делување. Со другите немаме никакви контакти. Со другите, со членството секако дека имаме контакти, ние сме сите стари членови на партијата. Некои врски не можат да се прекинат.

Оние кои ве критикуваа за уставните измени и ве исклучија од партијата, сега преку техничките министри ја користат придавката „Северна“ во името. Како гледате на целата таа ситуација?

Александрова: Ова е само уште еден доказ, и во моите претходни интервјуа, лични ставови и изјави, на прес конференција побарав оставка од Христијан Мицкоски во таа насока, дека се неискрени. Дека тие во суштина прифатиле се, меѓутоа во моментот кога се гласаше, им требаше виновник за тоа, па „осумката“ некако им дојде добро алиби за да се задскријат себе во тој процес, за сега да излезе на површина тоа што јас цело време го кажувам и укажувам кон членството кое што не заслужува неискреност и дволични политики од страна на раководството во партијата. Значи не можеш на средби со пертставници на меѓународниот фактор да велиш дека ова е завршена работа, така требаше да биде, ние нема ништо да правиме по однос на тоа, а на партиските средби со гласачкото тело, да ги охрабруваш дека ништо не е завршено, да зборуваш сосема спротивно и притоа дирекно да ги подгрева страстите на луѓето во нешто што е нереално и нешто што може само да ја врати државата назад, а за кое нешто не сакам ни да помислам дека би можело да се случи. Иднината на нашата држава се евроатлантските интеграции.

Ние директно придонесовме со нашето гласање за тоа, а партијата колку беше искрена, се надевам дека членството ќе процени и ќе има вистински увид во тоа колку момнеталното партиско раководство е искрено кон нив самите и генерално кон државните политики. Политиката некогаш бара и државнички одлуки, не бара само политички. Државничките одлуки некогаш можат да значат и штета и на политиката и на политичката опција. Тие се ретки одлуги, меѓутоа имаат многу важна улога во текот на државата и во нејзиниот развој, така да сметам дека мојата матична партија многу погреши што не учествуваше во целиот тој процес и не покажа државотворен капацитет, односно државотворниот капацитет го наметна на друга партија, го препушти својот државотворен капацитет на друга партија, нешто кое што јас многу тешко го прифаќам, затоа што верував дека мојата партија го има тој државотворен капацитет, да делува и работи за интересите на државата, а после за политиката.

Како ја гледате блокатада на ВМРО-ДПМНЕ за двата закони, за една изборна единица и Законот за одбрана, кој е важен за НАТО интеграцијата?

Александрова: ВМРО-ДПМНЕ како голема политичка партија има свој принцип на длеување и дејствување и овој нов изборен модел значи комплетно изместување од тој принцип на длеување и дејствување, односно партиските одлуки се носат од страна на лидерството или од страна на лидерот на партијата и овој изборен модел овозможува тоа да биде така. Со нов изборен моел од шест во една изборна единица, а јас би сакала да биде и отоврени листи, каде што пратеникот ќе ја има својата тежина и улога, тогаш дејството, односно улогата на лидерот врз пратеникот ќе биде намалена. Битно за овој изборен модел е дека во составот на Собранието би влегле и други структури на пратеници, од други групи, кои би дале друга слика на парламентарниот состав од 120 пратеника и во некои идни калкулации за формирање на нова влада, тој условувачки притисок од некои политички партии ќе биде намален, а со тоа што ќе биде намален значи поголема демократизација, така да колку е поразнолик составот на Парламентот, толку е подобро за општеството и за државата.

Законот за одбрана сметам дека е чисто предизборен и популистички трик на ВМРО-ДПМНЕ. Да не заборавиме дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за предврмена ратификација на Протоколот за НАТО членството на Република Северна Македонија и сега они се спремни да гласаат за ратификацијата на НАТО Протоколот за Република Северна Македонија, а не се спремни да гласаат за Законот за одбрана каде што Армијата ќе биде Армија на Република Северна Македонија. Тоа е непристојно, тоа е потценувачки на сите, неискрено и јас би ги прашала дали после гласањето, бидејќи координаторот на пратеничката група рече дека ќе го гласаат Протоколот за членство во НАТО, дали после тоа ќе виснат на ѕидот на срамот бидејќи гласаа за Република Северна Македонија да влезе во НАТО?

Целото интервју прочитајте го на Ден.мк

Слични содржини