Алексис: Ќе го напуштам Јунајтед

од Vladimir Zorba

Алексис Санчез има повеќе од 4 години до крајот на договорот со Манчестер Јунајтед, но Чилеанецот е сигурен дека нема да ја заврши кариерата на „Олд Трафорд“, изјави тој пред една од најголемите телевизии во Чиле. 29-годишниот играч од средниот ред планира да игра за тимот на Универсидад де Чиле пред да ги закачи копачките на ѕидот.

„Мислам дека ќе го исполнам сонот на семејството. Татко ми, кој веќе е во рајот, беше голем обожавател на Универсидад и мислам дека голем дел од моето семејство би сакало да ме види да играм за овој тим. Претходно играв за Коло Коло со кој освоивме многу признанија и сѐ беше одлично, но мислам дека сите ќе ме разберат, бидејќи тоа беше сонот на татко ми. Со милоста на бог ќе го исполнам овој негов сон“, изјави Алексис пред „Чиливижн“.

Санчез се приклучи на Манчестер Јунајтед во јануари од тимот на Арсенал во зделка, која го испрати во обратна насока Ерменецот Хенрик Миктаријан.

Слични содржини