Алијанса за Албанците не се откажува од коалиција, ДУИ и ДПА самојстојно ќе излезат на избори

од Aleksandar Todeski
407 прегледи

Повикот на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села за предизборна коалиција со сите партии на Албанците освен ДУИ не вроди со плод. Веќе е извесно дека ДПА на Мендух Тачи ќе излезе сама на изборите, а како што велат извори од партијата Алтернатива на Локално, шансите тие да влезат во коалиција во која би учествувале и Беса се речиси никакви.

Сепак, Алијансата за Албанците не се откажува од идејата, па така се уште комуницираат и се убедуваат да ги убедат лидерите на Беса и Алтернатива, поранешни сопартијци Билал Касами и Африм Гаши да седнат на заедничка маса и да се дговорат како да и го зададат последниот удар на партијата на Али Ахмети.

Во меѓувреме од ДУИ на нелку наврати нагласија дека излегуваат сами на избори и дека очекуваат поголема поддршка отколку на предвремените избори во декември 2016 година, а ја поздравуваат и одлуката на останатите партии да влезат во предизборна колаиција, за како што велат, да не се губат гласовите на Албанците.

Од партијата Беса пак, очекуваат повик за трилатерална средба Села, Касами и Гаши, откако Тачи јасно истакна дека единствена партија со која би коалицирал е СДСМ, додека пак од албанскиот блок нема таква партија. Зијадин Села пак, најавува можност наскоро да излезат со информација за тоа со кои партии ќе коалицира на предвремените прламентанри избори кои треба да се одржат на 12 април.

А.Т.

Слични содржини