Алонсо пред финалето на ЛЕ: Најважен ќе биде менталитетот, наша задача е да победиме

од Milan1

Тренерот на Баерн Минхен, Чаби Алонсо ги сподели своите очекувања за финалето на Лигата на Европа против Аталанта.

– Знаеме дека во изминатите пет години Аталанта, под водство на Гасперини, се здоби со многу препознатливо лице. Запознаени сме со овој тим, но тој продолжува да се развива. Игравме против слични противници во Германија и најважен ќе биде менталитетот. Имаме план за игра, но играчите се уште ја чувствуваат истата славеничка атмосфера што не придружуваше во саботата кога ја славевме титулата. Сакаме да продолжиме во истиот дух. Ништо не сменивме на подготовките. Оваа сезона одигравме 51 натпревар, разговаравме многу пати, а играчите имаат разбирање како точно да се подготват. Наша задача е да победиме во следните два натпревари. Пред натпреварите од Лига Европа трениравме пенали цела сезона. Сè уште не ни беа потребни, но во последните три финалиња… Никогаш не се знае со сигурност, изјави Алонсо.

Слични содржини