АЛАРМ !Во Скопје не се дише, воздухот е загаден во сите општини- ќе се преземе ли нешто?!

од Vladimir Zorba
222 прегледи

 

Скопје се гуши а градоначалниците на сите општини и градот се самозадоволуваат со тоа кој е попаметен, како тоа во идните 10 години да се решело загадувањето , а ние веќе исцркавме до наредната година која е за некој ден
НИе бараме решенија а тие  ми личи дека си мислат само за себе. Дилемата изгледа им е само кој бизнис им е подоходовен, дали градење споменици , асфалтирање, копање канали,  и врз основ на бројките, тие  така и  си градат став ,што треба првин  да се запре, да им се замачкаат очите на граѓаните, и на  овие као што велат „ломотат“ по медиумите за загаденост и екологија.
Некако најлесно им е да ја префрлаат топката на другиот, да раскажуваат демек за  долгорочи решенија ама во иднина , демек гасификација, демек граѓаните да не се грееле на дрва – и се нешто само не стоп за  нивнот и бизнисот на партијата и екипата-таму нема  чепкање.
За нив се битни само да  не сопрат нивните провизии од градбите кои ги распослале по општините, и тоа токму во овој период.  Граѓанинот се на второ место а на прво се провизиите,и затоа нема  брзи решенија, нема  општ туку само личен интерес.
Перверзно е што во лакомоста по тендерите и проектите ги жртвуваат животите на граѓаните, бидејќи ниту нашите семејства им се битни , ниту нивните. Само профитот.
Ако не знаат како ,логично е да прашаат, но очигледен е друг интерес.
А просто е потребни се  итни мерки ….запирања  и исклучувања на старите возила и камиони, за решение за греењета е доцна ама за бесплатен градски превоз на пример не е,  тие кои со старите коли од провинција доѓаат и го чадат Скопје- нека им дадат бесплатен  автобуски превоз или  колите   нека ги оставаат надвор од градот,  ако не сакаат  нека платат еко такса. Пар-непар веднаш, и главното  во овој период сопирање на целата градежна оператива која им носи профит на газдите и градоначалниците и нивните тајфи а ги убиваат  и ги трујат сите  граѓани .
Има многу веројатно итни решенија прашајте ја науката, колегите од светот,екологистите, ама не сте вие најпаметни ,господа градоначалници .
Вие печалите пари и профит, ние болести.
Колку да ве потсетам за денеска :

 

Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање воздухот денеска е загаден во сите скопски општини.

Во Лисиче се измерени 119,28 микрограми ПМ10 честички на метар кубен, во Карпош 98,99, кај Ректорат 96,37, Центар 80,22 и во Гази Баба 73,13.

Во Битола се регистрирани 128,33 микрограми, Кичево 101,92 и Тетово 90,59 микгрограми.

И што ќе преземете денеска?

Или промо ќе се сликате до некоја канта за ѓубре ,асвалтирано сокаче,  со  дедо мраз или ќе   делите пакетчиња на затруените  и сиромашни деца?

Ад