Amazon произведе самоуправувачко роботакси (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Zoox на Amazon започна со тестирање на своите роботакси на отворени јавни патишта во САД како дел од експериментот за воспоставување на мобилност без возач.

Таксито, дизајнирано за сместување на четворица патници, го заврши своето прво пробно возење меѓу две згради на компанијата во Фостер Сити, Калифорнија, објави Zoox. На пробната патека возилото се движело со брзина до 56 км/ч, поминало низ семафори и свртело лево-десно. Сега се планира да се воспостави превоз за вработените.

„Со најавата за првото возење на нашиот самоуправувачки автомобил за вработени, го додаваме напредокот што индустријата го забележа во изминатата година и го доближуваме Zoox еден чекор поблиску до комерцијализирана наменска роботакси услуга за пошироката јавност“, изјави извршниот директор на Zoox, Аича Еванс.

Вработените со полно работно време отсега ќе можат да патуваат со самовозечко такси помеѓу двете главни деловни згради на Zoox.

Компанијата вели дека нејзиното роботакси, кое поминало „ригорозно“ тестирање на приватни патишта и ги добило потребните одобренија од Одделот за моторни возила во Калифорнија, може да се справи со кривини, семафори, пешаци, возила и други потенцијални пречки при патувањето.

Слични содржини