Амбасадата на САД: Соработуваме со МВР за случајот „Двојник“, но не коментираме истраги кои се во тек

По однос на случајот „Двојник“, Амбасадата на САД посочува дека не коментира истраги кои се во тек.

Имено, тие велат дека имаат тесна соработка со МВР, како и со другите владини министерства и институции во Северна Македонија, за да се постигнат заедничките цели за спроведување на законот и владеење на правото, вклучувајќи регионална соработка за спроведување на законот и борбата против тероризмот.

Одговарајќи на прашање на „360 степени“ за случајот „Двојник“ за незаконското издавање пасоши со украден идентитет, од Амбасадата на САД во земјава додадле дека во тесна соработка со министерствата за внатрешни работи и правда, обезбедуваат техничка помош, форензика, обука и опрема за да се подобрат капацитетите за спроведување на законите и на правосудните институции.

„Овие активности придонесуваат за национална и регионална безбедност преку зајакнување на граничната безбедност, транспарентноста и можноста да се истражуваат и да се гонат корупцијата, тероризмот и случаите на организиран криминал“, посочија од Амбасадата.

Слични содржини