Рускиот сенатор Алексеј Пушков вели дека Вашингтон со усвојување на законот за санкции во низа земји му покажа на целиот свет дека се наоѓа на раб на нервен слом.

„САД се крајно изнервирани од Русија, Кина, Северна Кореја, Иран, Сирија, Венецуела, Авганистан, „Северниот ток 2“… Суперсила на раб на нервен слом“, напиша тој ан твитер.
Пушков додава дека и санкциите на САД водат кон активација на ракетната програма на Иран, пораст на тензиите на Корејскиот полуостров, како и за нарушување на билатералните односи со Русија.
„Станува збор за чиста деструкција“, заклучува рускиот сенатор, а пренесува “Sputnjik”.
Претседателот на САД Доналд Трамп, на почетокот на август потпиша закон за воведување дополнителни санкции за Русија, додека особено внимание посветува на реализацијата на проектот „Северен ток 2“.
САД со тој закон ги опфати и Венецуела и Северна Кореја и Иран.