Американци нападнале полицајци во Кисела Вода

од Nikola Popovski

Четворица американски државјани предизвикале проблеми, по што влегле во расправија со полицајци, информира МВР.

-На 27.04.2024 во 05.00 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје ги привеле К.Т.Ц.(27), А.Ј.М.(25), Д.М.(24) и М.А.Ј.(24), сите од САД, поради тоа што го нарушиле јавниот ред и мир со вербална расправија која преминала во физичка пресметка, а дел од нив агресивно се однесувале и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини