Американската влада објави кога ќе започне со дистрибуција на вакцината против Ковид-19

од Nikola Popovski

Владата на САД во средата објави дека ќе започне со дистрибуција на вакцината против Ковид-19 во рок од еден ден по добивањето на дозволата и планира да ја направи можноста за ограничен број дози на располагање веќе во текот на оваа година.

Претставници на Министерството за здравство и одбрана разговарале со новинарите преку видео врска во средата, а потоа ги објавиле документите за планот за дистрибуција што ќе им бидат испратени на сојузните држави и локалните здравствени власти.

Владата ќе додели вакцини на федералните држави врз основа на препораките на Центрите за контрола и превенција на болести, во врска со особено ранливите групи. Се очекува во нив да бидат вклучени здравствени работници.

Во документот се наведува и дека „ограничен број дози на вакцина против коронавирус ќе бидат достапни на почетокот на ноември 2020 година, ако дотогаш биде одобрен од Администрацијата за храна и лекови“ и дека залихите значително ќе се зголемат следната година.

Официјалните лица, исто така, соопштиле дека работат на тоа вакцината да биде бесплатна за пациентите.

Слични содржини