Американски дипломат: Доаѓа крајот на Тачи

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Времето за косовскиот претседател Хашим Тачи истече.

 Времето за косовскиот претседател Хашим Тачи истече. Тоа го рече американскиот дипломат и поранешен шеф на мисијата на ОБСЕ во Косово Вилијам Вокер непосредно пред започнувањето на воздушното операција на НАТО против Србија во пролетта 1999-та година. “Тачи беше премиер, а во моментов е претседател на Косово. Неговото време истече”, рече Вокер, кој го посети Косово за да присуствува на отворањето на негов споменик во селото Рачак.

Во последните неколку години Вилијам Вокер отворено го поддржува Движењето “Самоопределување” на Албин Курти.

“Единственото нешто што Хашим Тачи го прави успешно, е даја прави среќна меѓународната заедница. Тоа нешто лично на мене не ми се допаѓа”, рече Вокер при откривањето  на неговата бронзена статуа во Рачак.

Потсетуваме дека убиството на косовски селани во Рачак беше повод за интервенцијата на НАТО во Косово. Тогаш меѓународната заедница утврди масакрот во Рачак како воено злосторство. Воздушната операција на НАТО доведе до договорот од Куманово од 11-ти јуни 1999 година и влегувањето на КФОР во Косово, а подоцна во 2008-ма година и до прогласувањето на независноста на поранешната српска покраина.