Американски музичар уапсен во Москва, осомничен за шверц на дрога

од Vladimir Zorba

Руските медиуми во саботата објавија дека американски музичар кој живее во Русија повеќе од една деценија е уапсен под сомнение за шверц на дрога, јавува Асошиејтед прес.

Мајкл Тревис Лик ​​е осомничен за продажба на мефедрон, чии ефекти се слични на оние на кокаинот и МДМА. Според извештаите, московскиот суд му одреди двомесечен притвор.

Тој се соочува со обвиненија за производство или трговија со дрога, што предвидува казна затвор до 20 години.

На неговиот Инстаграм профил стои дека тој е пејачот на бендот Лови Ноч. Медиумите пишуваат дека Лик е поранешен падобранец на американската армија и живее во Москва од 2010 година.

Руските закони за дрога се строги. Ѕвездата на ВНБА, Бритни Гринер беше уапсена во февруари 2022 година, откако во нејзиниот багаж на аеродромот во Москва беа пронајдени канистри со масло од канабис. Таа беше осудена на девет години затвор, но беше ослободена во декември во замена за рускиот трговец со оружје Виктор Бут, кој се наоѓа во американски затвор.

Американскиот Стејт департмент во соопштението рече дека е запознаен со извештаите дека американски државјанин неодамна бил уапсен во Москва. Се вели дека кога американски државјанин е приведен во странство, Стејт департментот „се труди да добие конзуларен пристап што е можно поскоро и работи на обезбедување на сета потребна конзуларна помош“.

Слични содржини