Експлозиите во Брисел докажаа дека Европската унија стана главната цел на исламскиот тероризам. Американското списание „Тајм“ аргументира на пет главни апспекти како причина за нападите на ИД во Европа.

4730383Според Тајм, првиот аспект е подготвениот терен за терористички напади. Се започна во пролетта 2014 година, кога француски државјани поврзани со групата ИД, отворија оган во Еврејскиот музеј во Белгија. Потоа следеше нападот врз редакцијата на францускиот неделник “Шарл Ебдо” и крвавата бања во Париз од 13 ноември 2015 година. Крвавиот баланс резултираше со 185  загинати лица. Исламска држава изврши или поттикна други групи  да извршат околу 75 терористички напади во 20 земји, а во оваа бројка не се вклучени нападите на Ирак и Сирија. На ваков начин Исламската држава стана силна закана за светот.

4730384

Второ , Европа стана своевидна база за врбување на приврзаници и борци на Исламска држава. Терористите не случајно  ги избраа градовите во кои можат да нанесат удари. Во 2012-2015-та година над 400 лица заминале од Белгија за Сирија и Ирак, за да се вклучат во редовите на Исламската држава. Од Франција за истиот период тргнале трипати повеќе луѓе или 1200 приврзаници.Затоа, Париз и Брисел станаа европските престолнини, кои извезуваат најголем број странски борци за Блискиот Исток. Од другра страна, исламистите успешно ја користат миграциската  криза.

4730385

Третиот аспект од кој ползува ИД е бескрајната имиграциски криза која Исламска држава ја користи како алатка за врбување. Во 2015 година во Европа пристигнаа над 1 милион мигранти, а од почетокот на оваа година – над 135 000. Миграциската  криза им обезбеди на радикалите „сјајна можност” да провоцираат раскол меѓу муслиманскиот Исток и Запад. Меркел постигна тежок договор со Ердоган.

 Четврто , Исламска држава ги  користи се повеќе напорите за раскол во ЕУ. Германската канцеларка Ангела Меркел, која фактички се јавува како водечкиот лидер на ЕУ, со огромна тежина успеа да постигне договор за бегалците со Турција, ветувајќи во замена безвизен режим.

 

бриселНо по нападите во Брисел каде беа убиени 31 граѓанин и над 270 повредени, Европејците со уште поголема неподготвеност ќе гледаат  на тоа дека турските граѓани ќе можат да шетаатт слободно низ Европа. Држави и влади на голем број земји веќе продискутирале за враќање на внатрешните граници во ЕУ. Ова може да  стави крај на Шенген зоната, а заедно со неа и да му се закани на целиот европски проект.

Петто , Европа е ослабена од демнечкиот  референдум во Велика Британија. Ако таква важна членка на ЕУ го напушти неговиот состав, тоа ќе го  стави под прашање самото постоење на Унијата. Покрај тоа, 53% од Французите, над 45% од Германците, Шпанците и Швеѓаните сакаат да го одржат референдумот. Може само да се замисли што ќе се случи ако во пресрет на гласањето во Велика Британија се случи терористички напад. Лидерите на Исламската држава имаат повеќе можности за дестабилизација на Европската унија.

Слични содржини