Американскиот бомбардер “F-35” е надувана приказна: Има само 966 недостатоци кои Пентагон ги крие

од desk2
219 прегледи

Фамозниот американски ловец-бомбардер “F-35” од петтата генерација, кого го бие лош глас поради огромниот број на критични недостатоци, повторно е во центарот на јавноста по веста дека САД ќе и испорача на Јапонија 16 такви авиони до крајот на следната година.

Информацијата дека САД до крајот на оваа година ќе и достави на Јапонија десет авиони “F-35” и уште шест до крајот на 2019. година, ја потврдил американскиот потпретседател Мајк Пенс во Токио. Според неговите зборови, САД на тој начин ќе го исполни ветувањето на американскиот лидер Доналд Трамп, за забрзана продажба на воена технологија на Јапонија.

Како што било претходно соопштено, Јапонија планира да ја опреми својата авијација со 42 борбени авиони до 2024. година, а се претпоставува дека тоа е одговор на растечките воени активности на Кина.

https://www.youtube.com/watch?v=boMfDOh-sDo

Рускиот воен експерт, полковник во пензија Виктор Баранец, вели дека САД веќе долго го наметнува “F-35” на бројни земји, и покрај фактот дека тој авион има многу недостатоци.

“На пример, F-35 има многу недоверлива електроника. Пилотите кои летале на тие авиони буквално се гушеле поради лошото функционирање на системот за контрола на амбиентните услови. Имало случаи кога пилотите одбивале да летаат со F-35 се додека конструкторите не ги елеминираат недостатоците. Но, и покрај тоа, Американците се многу заинтересирани тој проект, на кој заработуваат многу пари, да го промовираат во Јапонија”.

На ист начин, тие ги наметнале тие авиони и на други земји, како на пример Израел и Норвешка. Инаку, неколку земји, кои претходно нарачале по сто авиони F-35, во меѓувреме побарале да се изменат условите на договорот и да се намали испораката.

Генерално гледано, можеме да кажеме дека Американците “ја надувале” приказната за “F-35”, кој, според нивното признание, е далеку од совршенство, вели Баранец за “Sputnik”.

F-35 е замислен како севременски повеќенаменски борбен авион, наменет за напади на копно, воздушна одбрана и надгледување. Меѓутоа, целиот повеќегодишен програм за производство и тестирање доживеал голем број крахови и открил стотици недостатоци. Најскапиот и најпроблематичен американски воен проект во историјата, за кој се смета дека Америка ја чинел околу 1,5 билиони долари, константно налетува на нови проблеми, бидејќи според зборовите на американските експерти, “брзината со која се исправени старите недостатоци не држела чекор со брзината со која се откривале новите”.

Многумина сметаат дека целиот проект е вистинска пропаст, бидејќи од буџетот земал огромни средства без никакви резултати, додека има и такви кои го фалат и бараат трпеливост. Пред само десетина години, се проценувало дека тоа американско чудо ќе се продава по цена од 221 милиони долари и тоа без мотор, но поради бројните недостатоци Американците морале драстично да му ја намалат цената, која сега варира од 83 до 108 милиони долари.

Се зборува дека Вашингтон планира до 2020. година да ја намали цената на 80 милиони долари. Колку за споредба, новиот руски ловец од петтата генерација, “Su-57”, ќе чини 2,5 пати помалку од американскиот конкурент.

“За да го продадат тој авион на своите сојузници, Американците ја намалуваат цената, а тоа го работат по принципот – Купете повеќе, ќе ве чини поевтино”. Некои земји го прифаќаат тоа”, вели Баранец.

Експертите на американскиот Проект од организацијата за државен надзор, по истрагата и проверката на документите на Пентагон, заклучиле дека американската војска се обидува да ги сокрие критичните недостатоци на проектот “F-35”, кои можат да доведат до сопирање на сериското производство на авионот. Според извештајот на американските експерти, кој бил објавен минатото лето, Пентагон открива многу опасни недостатоци на тој борбен авион, кои биле идентификувани во текот на тестирањата. Забележани биле 966 критични недостатоци, и тоа 111 недостатоци од прва категорија, и уште 855 од втора категорија.

https://www.youtube.com/watch?v=qSSfK3Zu5NQ

“Недостатоците од прва категорија” се оние кои ги загрозуваат животите и здравјето на екипажот или други луѓе, носат ризик од загуба на авионот и слично, а втора категорија се оние кои се однесуваат на неисправноста на одредени елементи на конструкцијата и авионскиот систем. Меѓу 19 критични недостатоци има и некои се намерно потценети, како што се проблемите со системот за катапултирање или одредување на координати за лансирање на ракети, што може да доведе до погрешни удари по своите единици.

Пентагон се надева дека проектот ќе опстане благодарение на намалената цена и дека големото сериско производство ќе почне што порано, а недостатоците ќе се решаваат подоцна, кога авионите ќе бидат испорачани или оперативни, Руските експерти наведуваат дека F-35 концептуално е одличен авион, но дека актуелната ситуација сведочи за сериозни погрешни пресметки кои ги направила компанијата “Lockheed Martin” во почетната фаза на проектирањето. Тоа резултирало со системски недостатоци, чие решавање би траело најмалку неколку години и би чинело десетина милијарди долари.

Слични содржини