Аналитичари за „Локално“: Ахмети веќе ја има реформирано партијата со нови кадри, „огнените“ имаат многу „путер“ на главата!

од Destan Jonuzi
451 прегледи

Демократаската унија за интеграција (ДУИ) најави дека на 15 октомври ќе бира ново претседателство на партијата. Во структурите на извршната власт и другите државни институции до сега партијата на Али Ахмети предлагала и именувала нови ликови. Но, дали по овој терк ќе се бират и „фронтмените“ на партијата?

Живко Јанкулоски – познавач на политичките случувања во Македонија и претседател на Партијата на обединетите демократи вели дека во ДУИ ќе има промени во партиските органи, но не и кај министрите.

Живко Јанкулоски

– Најверојатно, во ДУИ ќе има промени во партиските органи, но не мислам дека ќе има промени кај министрите, барем не во ова фаза. Мое мислење е доклоку Ахмети се реши на промени какви што барат незадоволните од неговата партија, најдобро и едноставно решение му е да оди на нови парламентарни избори, со тоа би имал и убава прилика за да ги прави реформите во партијата, доколку сериозно размислува за тоа. Во спротивно, реформи и задоволувања на барањата на „Огнената група“, би била иста или слична како со реформите што наводно ги правеше кога стана зелена партија, гледаме колку е „зелена“. Проблемот е внатрепартиски од што им зависи иднината на партијата, изјави за „Локално“,Јанкулоски.

Од друга страна новинарот и политички коментатор Ацо Кабранов смета дека Али Ахмети веќе ја има реформирана партијата со нови кадри.

Ацо Кабранов

-Мислам дека Ахмети веќе ја има реформирано партијата со нови кадри. Погледајте ја листата на министри од ДУИ. Освен Бујар Османи речиси сите други од ДУИ во Владата се нови кадри и според мене добро се снаоѓаат во енергетската криза. Ако целта на „огнените“ се реформи во партијата речиси сите тие поточно предвониците на групата се добро познати, биле на функции. Па зарем Муса Џафери ќе ја освежува односно реформира партијата. Мислам дека можеби се во право за арогантноста и самозаљубеноста на Артан Груби, мислам на неговото секојдневно самопромовирање кој примил во барокниот владин кабинет и потенцирање и сликање со Али Ахмети за да покаже колку бил близок, сепак овие што сакаат да го менуват не се вистискиот избор за тоа, имаат многу путер на главата од времето кога биле на врвот на политичката моќ, изјави за „Локално“, Кабранов.

Д.Ј.

Слични содржини