АНАЛИЗА: ( Фото) Репортажа од Грција – цени на храна, бензин, патарини, ресторани!

од desk4
100 прегледи

 

Срби, Унгарци, Германци се најбројните туристи во оваа летна сезона во соседна Грција, пишува Portalb.mk. Во дел од туристичките места на крајбрежјето, според грчките угостители и трговци, годинава има намален број на туристи во однос на лани, но дел од домаќините велат дека напливот на туристи допрва се очекува. Какви се цените во поголемите и помалите маркети за храната, колку чинат бензинот и патарините ?

Скромен ручек во ресторан од 25 евра до 30 евра ?

 “Цените во рестораните, таврените главно не се значајно променети во одонос на лани. Најчести гости во првиот месец од летната сезона доаѓаат од Србија, Унгарија, Германија“ – вели вработен во една грчка таверна во туристичкото место Неа Врасна. 

 

Цените на храната во рестораните варира во зависност од локацијата но и од атрактивноста на туристичкото место. Така, во таверна популарното грчко гиро се продава од 2,5 до 3,0 евра, пиво од 300 мл чини од 3 евра па и повеќе, порција помфрит се наплаќа и по 4,5 евра а познатата порција “бифтеки“ чини 6 евра. Познатата “грчка сaлата“ во рестораните се продава од 5 до 6 евра, а на патрактивните места чини и повеќе.

 Дел од угостителите во туристичкото место Ставрос велат дека во однос на ланскиот јуни, годинава има помалку туристи.

 “Сега имаме помалку гости, мислам дека дел од аранжманите се откажани поради ланските поплави, променливото време е една од причините за намален број на туристи. Што се однесува до грчките, домашните туристи, тие сакаат да одмараат. Најавените предвремени избори во Грција значајно не влијаат врз домашниот туризам“ – вели еден сопственик на ресторан и со насмевка ни кажа:

 “Грците прво сакаат да се избањаат во мора па потоа да гласаат ( First swim than voite)“.

 Сопственикот дообјаснува дека предвремените избори нема да имаат негативно влијани врз туризмот бидејќи во Грција стандардно половина од гласачкото тело, без разлика на се, не излегува на гласање. Дека домашните туристи се важни за вкупниот туристички проток покажуваат викендите кога има наплив на грчки турсти во туристичките места – доаѓаат  “викендашки“  и заминуваат.

 И дел од трговците во Ставрос велат дека овој  јуни се забележува помал промет во однос на ланскиот поради намалениот број на туристи.

 “Мислам дека една од причините за намалениот број на туристи е нестабилното време и прогнозите дека можеби и ова лето ќе биде врнежливо. Друга причина се аранжманите за летување  што ги нуди Турција, таму се почести се гостите од Русија и од целиот Блакан бидејќи се нудат примамливи цени. Самите Турци кои традиционало доаѓаа на грчките острови сега се помалку бидејќи со падот на вредноста на турската лира, летувањето во Грција им стана скапо“ – коменира сопственик на една грчка продавница.

 Дел пак од трговците во Ставрос сметаат дека сеуште е рано да се оценува дека оваа сезона е послаба, очекувајќи дека летниот шпиц допрва доаѓа и посочуваат дека секоја сезона во ова место се отвораат по 40 тина нови “легла“ за туристи.

 

Цени на храна во маркети …

 Цените на храната во продавниците според дел од вработените се намалени во однос на ланската сезона а како причина се посочува намалениот данок од 23% на 13% за одредени видови на производи.

 “Со намалување на данокот од 23% на 13% за одредени производи и ние ги намаливме цените за чоколадото, бонбоните, кондиторски производи, еуро крем, печива. Сега имаме на пример грчки еуро крем од 300 грама кој чинеше 2 евра а сега се продава за 0,99 евра“ – објаснува продавач во еден од помалите маркети.

Во продавниците цената на безалкохолните пијалаци, негазирани и газирани, се движи од 0,63 евра до 0,80 евра или  безалкохолен пијалак од 300 милилитри може да се купи за 0, 63 евра,  0,65 евра,  0,79 евра до 0,80 евра. Во прдавниците цената на домашното и на увозното пиво не е значајно различна па така пиво од 500 мл чини 1,25 евра односно 1,39 евра со кауција. Чоколаднто млеко од 500 мл во поголемите маркети се продава за 1,70 евра додека кисело млеко од 200 мг чини околу 1,20 евра.

 Познатите печива од 100 грама до 200 грама се продаваат од 0,44 евра до 0,70 евра во зависност од составот а популарните посни грчки сарми од ловоров лист “ од 280 грама чината од 1,54 евра во поголемите маркети до  1,60 евра во помалите продавници.  Литро маслиново уље за јадње се продава по цена од 3,99 евра па нагоре.

 

Патарини , цени на горива …

 Само на магистарлата Egnatija ( Игнатија) кој го поврзува истокот и западот на Грција, односно од турската до албанската гранца распослани се поголем број на патарини, но сепак новиот дел на автомагистралата кој е прошаран со тунели сеуште е без наплатни рампи. Дел од грците со кои разговаравме ни кажаа дека наскоро Владата на Грција планира да постави нови наплатни пуктови.

 Цените на патарини варираат  во зависност од видот на возилото и местоположбата, па така на патарините  може да платите од 1,20 евра до 2,40 евра за автомобил кој се движи на оваа патна рута.

 Поскапи се патарините на Егејската магистрала која води до популарините места за летување Лептокарија и Пеласгиа, кои воедно се многу посетени од нашите граѓани. На оваа траса цените на патарините се движат и до 4 евра.

 Во Грција наплатата на патарините не е автоматизирана а не можно ниту да се плати со картичка.  Бензинот и ова лето се точи по “европски цени“. Така .литар еуросупер 95 се продава за 1,64 евра,  бензин  100 ( Actionчини 1,85 евра а цената на диелот е  1,36 евра за литар.

 Поради високите цени, Грците се чести посетители на бензиските станици лоцирани во пограничните градови во земјава, а ова го потврдуваат и нашите угостители.

 “Грците се чести гости во нашите кафеани, не штедат на храна, доаѓаат и во приватни  здравствени установи, особено ги користат услугите на стоматолозите и често доаѓаат да наполнат бензин“ – вели еден угостител од туристичкиот Дојран. 

 Грција е една од најатрактивните дестинации за македонските туристи – лани ја посетиле повеќе од 1 милион граѓани на Република Северна Македонија.

 POrtalb.mk

Слични содржини