
Лажните вести ги надминаа по популарноста вистинските, кои се поставени на Фејсбук. Тоа го покажува анализата на канадскиот новинарски сајт.
Скандалозните податоци докажуваат уште дека измислените приказни предизвикале повеќе коментари, споделување и реакции отколку топ вестите од вкупно 19 престижни медиуми, меѓу кои “Њујорк тајмс”, “Вашингтон пост”, “Хафингтън пост” и “Ен-Би-Си њуз” .
Вознемирувачките резултати докажуваат дека сензација, а не фактите и логички докажаната вистина во медиумите го дефинира политичкиот дискурс. За време на најкритичните месеци од кампањата за претседател на САД, 20-те топ вести од силно поларизирани политички блогови и сајтови со сомнителна репутација и кредибилитет генериралео близу 9 милиони споделувања, реакции и коментари на “Фејсбук”.
Во споредба – 20-те водечки приказни на најпрестижните и етаблирани медиуми како “Њујорк тајмс”, “Вашингтон пост”, “Гардијан” и “Политико”, кои успеале да соберат едвај 7,4 илиони..