Ангеловски: Однесувањето на Несторовски не може да помине несанкционирано!

од Берта Китинска
343 прегледи

Игор Ангеловски, селекторот на македонската А репрезентација, изјави дека однесување на Несторовски по вчерашниот меч не може да помине несанкционирано!

Играчот на Удинезе го постигна петтиот гол во победата на нашата селекција против Лихтенштајн (5:0) во квалификациите за СП, прославен со навреди, но како што тврди истите не биле упатени кон јавноста, критичарите, туку кон одредени лица.

Селекторот ја погледна снимката и ја донесе следната одлука.

– Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да ѝ го соопштам на јавноста следното: Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија – вели Ангеловски.

Слични содржини