Англичаните воведуваат ново правило: Голема иновација која значително ќе го промени фудбалот

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерлигата воведува ново правило – замени во случај на потрес на мозок која нема да влегува во стандардната квота од три дозволени замени.

Новото правило стапува на сила на 6 февруари.

Секој тим ќе има право на две замени, а за да се спречи манипулација, противникот ќе има право на замена секој пат кога едниот тим ќе одлучи да смени играч на овој начин.

Тоа правило ќе важи и во ФА купот, како и на Светското клупско првенство во Катар следниот месец, со само една замена.

Целта на замената е да се заштити здравјето на играчите.

Идејата за такво правило се роди по случаите како тој на Германецот Кристоф Крамер, кој воопшто не се сеќава дека го играл финалето на СП 2014 по судир со противник.

Слични содржини