“Анкара очекува ЕУ да посочи конкретен датум за воведување на безвизен режим”, истакна Чавушоглу.
Турција инсистира Европската унија да воведе безвизен режим за нејзините граѓани не подоцна од средината на октомври, во спротивно договорот за бегалците ќе биде повлечен. Ова го изјави министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за германскиот весник “. Франкфурт алгемајне цајтунг”. “Ако работите не стигнат до визна либерализација, ќе сме принудени да се откажеме од спроведување на договорот од 18 март за враќање на бегалците”, рече Чавушоглу. “Анкара очекува ЕУ да посочи конкретен датум за воведување на безвизен режим”, истакна Чавушоглу. “Ова може да е почетокот или средината на октомври, но очекуваме конкретен датум”, истакна министерот. / ТАСС