Aнкета: Граѓаните не се за бојкот, Пендаровски во предност пред Силјановска

од desk4

На повеќе од половина од анкетираните граѓани не им пречи тоа што изборите се однесуваат на гласање за претседател на Република Северна Македонија. Албанците се едногласни по ова прашање, а кај Македонци мислењето е поделено. Првиот круг речиси сите анкетирани го оценуваат како фер и демократски, но и натаму голем е бројот на гласачите кои велат дека нема да излезат на гласање или одбиваат да одговорат. Анкетата на МКД.мк покажа дека рејтингот на партијата на Зијадин Села е повисок од оној на партијата на Али Ахмети.

Анкетата спроведена од МКД.мк и агенцијата Маркет вижн покажа дека мнозинството граѓани (80,8%) сметаат дека првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера.

На прашањето дали ви пречи тоа што изборите се однесуваат на гласање за претседател на Република Северна Македонија, повеќе од половина од анкетираните (56,6%) одговориле дека таа нова титула на шефот на државата не им пречи. Кај Македонците мислењето за ова прашање е поделено додека Албанците се речиси едногласни.

Во однос на евентуалниот повик за бојкот на вториот круг на изборите од која било политичка партија, кај гласачите што во првиот круг од изборите гласаа за Гордана Сиљановска-Давкова преовладува мислењето дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да повика на бојкот во вториот круг.

Во вториот круг на претседтелските избори се пласираа кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг разликата во гласовите беше помала од еден процент во корист на Пендаровски.

Ова истражување на јавното мислење покажува дека повеќето испитаници (22%) се изјасниле дека во вториот круг од изборите ќе гласаат за Стево Пендаровски наспроти 15,9% кои се изјасниле дека ќе го дадат својот глас за Гордана Сиљановска-Давкова. Речиси половина (47,7%) од испитаниците одбиваат да кажат за кој кандидат ќе гласаат, додека 14,3% се изјасниле дека нема да излезат на гласање. Ова значи дека исполнувањето на потребниот цензус за вториот круг од 40% излезност од запишаните гласачи е неизвесно.

Пендаровски има повисока поддршка помеѓу албанското население и помеѓу граѓаните на возраст од 40+ години. 

Во однос на рејтингот на партиите, власта и опозицијата се речиси изедначени. На прашањето „Доколку утре се одржат парламентарни избори за која партија би гласале?“, 16,9% се изјасниле дека би бојкоритале, додека 44% од испитаниците не знаат или одбиваат да кажат.

И во ова сценарио Пендаровски е во предност во однос на Сиљановска, но овојпат со поддршка од 21,6 отсто од гласачите, а Сиљановска со 16,6 %.

Целата анкета тука

 

Слични содржини