Главниот историски настан што предизвикува чувство на гордост кај Русите, е победата во Големата патриотска војна (83%), покажува истражувањето на “Левада-централата”, пренесува  Интерфакс.

За првпат второто место  го зазема одговорот за враќање на Крим во составот на Русија (43%). Досега втората позиција обично беше резервирана за “водечката улога на земјата во изучувањето на вселената” (41%, веќе е на трето место).

Покрај тоа една третина од Русите се гордеат со руската литература (36%). Следните позиции се зафатени од следните одговори: “трансформирање на земјата во советските времиња во една од водечките индустријализирани земји во светот” (35%) и постигнувањата на руската наука (32%).