Не дојде Груевски, ниту Ставревски, Мартин исто така, па зошто би дошол Мијалков !?
анкетна за

Анкетната комисија за прислушувањето и денеска ќе продолжи со седницата, на која која, според најавениот редослед од претседателот на Комисијата Петре Шилегов, треба да сведочи, поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков.  Шилегов вчера рече дека се сомнева оти Мијалков ќе се појави на седницата. Досега никој од повиканите сведоци не дојде. Сега се поставува прашањето само  дали анкетната ќе тера  вака жестоко , до крај на мандатот на овој парламент,  или има законско решение да се продолжи нејзината „работа и во наредниот парламентарен состав .

Во текот на вчерашната седница, партиите не можеа да постигнат ниту минимална согласност за отпочнување на работата на Комисијата. Членовите си реплицираа со процедурални надмудрувања, по ходниците  дури и по формалното затворање на седниците.

Работата на анкетната комисија за прислушувањето мора да биде отворена за јавност

Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето е формирана согласно Договор од Пржино. Иако беше предвидено седниците да бидат јавни, од ДПМНЕ побараа сведочењето на владините функционери да се одвива зад затворени врати, со образложение дека не сакаат од сослушувањата да се прави „театар“. За СДСМ тоа е уште еден обид да се сокрие вистината од јавноста. Сослушувањето на сведоците и експертите кои ќе треба да се произнесат за аферата по закон ќе трае до 22 јануари, а извештајот на Комисијата наместо во ноември, предвидено е да се усвои до крајот на јануари поради пробивањето на роковите од Договорот во Пржино.Така е предидено.

Слични содржини