Апасиев очекува 80 до 120 илјади гласови на парламентарните избори

од Vladimir Zorba

Левица очекува двојно да го зголеми резултат од првиот круг на претседателските избори и да освои од 80 до 120 илјади гласови на парламентарните избори со проекција од осум до 12 пратеника зависно од излезноста.

На следниот мандатар му порачуваат дека основа за преговарање е македонската Платформа за национално единство. Што повеќе левичарски пратеници во Собранието тоа е поголема гаранција дека нема да има Бугари во Уставот, вели во интервју за МИА претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Во однос на резултатите од првиот круг на претседателските избори, Апасиев вели дека лично очекувал од 60 до 80 илјади гласови, но дека и со 41 илјада Левица го положиле матурскиот испит самостојно да собере 10 илјади потписи без никакви коалиции и потоа да оди на избори со поддршка на независен кандидат.

– Од аспект на резултатите ви кажав, јас очекував од 60 до 80, тие се 42 илјади, но сега влегуваме во нашите главни избори, а тоа се парламентарните оние за коишто ние имаме практично и адут во рака, а тоа се двајцата пратеници кои бевме во Собранието, така што тоа се материјалните прилики. Ние ги прифаќаме како такви, не очајуваме. Напротив, учиме од искуството и одиме сега да освоиме, да го дуплираме овој резултат, практично да освоиме – нашата проекција е од 80 до 120 илјади гласови, бидејќи статистички гледано секогаш парламентарните избори имаат повисок одѕив од претседателските и тој одѕив во случајов изнесува цирка околу 100 гласови коишто ќе излезат на гласање и тие се најчесто проопозициски гласови и оттука ние очекуваме да растеме на парламентарните избори, вели Апасиев.

Слични содржини