Очигледно е дека Специјалното обвинителство од ден на ден ужива се поголема јавна поддршка од граѓаните.lence-ristoska2

Синоќа една од обвинителките и портпаролка на СЈО, Ленче Ристоска, со друштво во вечерните часови влегувала во ресторанот Чамо кој е во близина на бараките на општина Центар.

Кога ја здогледале гостите од соседниот кафе бар Ван Гог, почнале да аплаудираат и да скандираат „Ленче, Ленче, СЈО, СЈО…“

Очевидци тврдат дека на обвинителката и станало непријатно и се збунила, но им се заблагодарила и им рекла „Ама немојте, јас само си ја вршам работата“, и со пријателите влегла во ресторанот каде што биле упатени.

Слични содржини