Симпсонови го предвиделе Дритан Абазовиќ (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

На изборите што се одржаа во Црна Гора на 30 август, коалицијата „Црно на бело“ успеа да победи, додека нејзиниот лидер Дритан Абазовиќ излезе од сенка на црногорската политичка сцена.

Сепак, подемот на Дритан не пристигна како гром од ведро небо, тоа се предвиди многу одамна, тврдат корисниците на социјалната мрежа Твитер.

Имено, на Твитер се појави фотографија од анимираната серија „Симпсонови“, која неодоливо потсетува на лидерот со албанско потекло.
На фотографијата се гледа помладиот син на Нед Флендерс, инаку прилично религиозен сосед на Хомер Симпсон.

Да се ​​потсетиме, во последниве години, во серијата Симпсонови, можеме да видиме што нè чека во иднина – вклучувајќи го и предвидувањето дека Доналд Трамп ќе стане претседател на Америка.

Тие, исто така, предвидоа епидемија на ебола, како и појавата на Лејди Гага на Суперболот, па затоа не треба да не изненадуваме што синот на Нед Флендерс, паметен и образован во религиозен дух, нè потсетува на Дритан Абазовиќ.

 

Слични содржини