Мексикански хотел нуди преноќевалиште во буриња од текила (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Љубителите на текила не само што ќе го пијат омилениот пијалок од самиот извор, туку и ќе поминуваат време во буриња.

Се работи за хотел де Барикас, што значи „хотел од буриња“. Сместен е во дестилерија која произведува 15 000 литри текила секој ден.

Уникатната локација се наоѓа во околината на градот Текила, од каде потекнува споменатиот пијалок. Хотелот прави 30 големи буриња претворени во соби, а има и четири стандардни Силвер Кинг соби.

Од хотелот велат дека со ова место текилата може да се „вдиши, вкуси и почувствува“.

Иако бурињата не изгледаат посебно однадвор, внатрешноста сепак е луксузна. Секој од нив содржи хотелски комфор, вклучително ТВ и клима уред, плакари, мини бар, па дури и џакузи во една од собите.

Цените се движат од 160 евра па нагоре.

Во близина на хотелот има импресивна дестилерија, каде гостите можат да уживаат во дегустација на текила. Исто така постои и подземен ресторан лоциран на 4,5 метри под земја и сервира традиционални мексикански јадења со различни коктели базирани на текила.

Слични содржини