Апсење во АРМ, Петровска порача: „За криминалот нема место во Армијата“

од Vladimir Zorba

Вчера во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи во координација со Јавното обвинителство приведоа припадничка на Армијата на Република Северна Македонија заради вршење на кривично дело поткуп.

„Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да и даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници. Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!“, порача министерката за одбрана, Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.

Ги охрабри сите да ги пријавуваат ваквите случаи.

– Криминалот и корупцијата ќе добијат жесток и бескомпромисен одговор, истакна таа.

Слични содржини