Арсенал го искушува Жесус со речиси двојно поголема плата

од Vladimir Zorba

Раководството на Арсенал е подготвено да му понуди на Габриел Жесус значително поголема плата од онаа што моментално ја добива во Манчестер Сити за да го убеди Бразилецот да се пресели на „Емирати“. Според информациите во Англија, предлогот на „топџиите“ ќе биде за 190.000 фунти неделно.

Арсенал ова лето сигурно ќе привлече барем еден квалитетен централен напаѓач, бидејќи оваа година Микел Артета се раздели и со Пјер-Емерик Обамејанг и со Александре Лаказет. Така, во моментов единствен играч на оваа позиција е Еди Нкетија.

Жесус планира да го напушти Сити откако клубот ги привлече Ерлинг Халанд и Џулијан Алварез.

Артета и Жесус се во добри односи откако Шпанецот беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Бразилецот има договор со „граѓаните“ на уште 12 месеци, а менаџерот на шампионите продолжува да вели дека сака да го задржи во својот тим.

Сепак, напаѓачот ќе сака повеќе можности за настап и затоа планира да ја промени средината. Се говори дека Сити ќе бара трансфер сума од околу 50 милиони фунти.

Слични содржини