Арсовска после четири месеци ја доврши реконструкцијата на улицата „Даме Груев“

од Nikola Popovski

Завршија градежните работи  на улицата „Даме Груев“  од раскрсницата со ул. Димитрие Чуповски до раскрсница со ул.11ти Октомври, реконструкција која се одвиваше во две фази. Оваа сообраќајница во централното градско подрачје беше во лоша состојба и континуирано беше посочувана од жителите коишто ја користат како опасност за учесниците во сообраќајот.

Со реконструкцијата на оваа фреквентна и значајна сообраќајница за граѓаните на Скопје, особено за жителите на Центар и за оние што секојдневно го возат овој потег, се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот, што е еден од приоритетите на Градот, изјави градоначалничката Данела Арсовска.

Во текот на градежните работи, што на терен ги извршуваше градското јавно претпријатие Улици и патишта Скопје, на овој дел од улицата „Даме Груев“ покрај коловозотот, беа реконструирани пешачки патеки, нивелирани шахтите и сливниците и подигнато ново градско зеленило на крстосницата со ул. Димитрие Чуповски.

Градот Скопје, исто така, работи на сообраќајно решение за непрекината велосипедска патека и дополнително уредување на зеленилото по должината на целата сообраќајница, како и на трансформација на дел од трасата во нова зелена површина.

Втората фаза од реконструкцијата на улицата започна на 18 април годинава.

Слични содржини