Асад со телеграма до Путин: „Жал ми е , по грешка го погодивме вашиот авион“

од desk2

 

Кремљ соопшти дека примиле телеграма од сирискиот претседател Башар ал Асад во која тој изразува жалење поради соборениот руски авион во Сирија, оваа недела, објави агенцијата Интерфакс, пренесе Ројтерс.

Руското министерство за одбрана објави дека извидувачкиот авион Il-20 со 15 руски војници соборен е во понеделникот во „пријателски оган“ од противвоздушни топови на сирискиот режим и за инцидентот ја обвини израелската влада.

Според Русија, Израел го користел рускиот авион како маска за својот напад, поради што сириската противвоздушна одбрана по грешка го погодила рускиот авион.

Израел пак, ја обвини Сирија за уривањето на авионот.

Израелската воена диплмоатија во четврток патува за Москва каде ќе поднесе извештај за соборувањето на авионот.

Израелската војска, која ги отфрла обвиненијата, извести дека наредникот на нејзините воздушни сили Амика Норкин ќе поднесе „сеопфатен извештај за тој настан“.

Русија до сега успеваше да сочува добри врски со Израел додека трае граѓанската војна во Сирија, каде Русија е главен воен сојузник на владата на Асад.

Слични содржини