Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски на својата Фејсбук страница во одговор на Роби Телекабел, го обвини и Жан Митрев за спремање атентат.
„Приказната на Роби ме потсети на еден друг Штипјанец,Жан Митрев на кого му купивме опрема за дваесет и пет милиони марки,му дадовме зграда,и му обезбедивме монопол на бизнис од шеесет милони годишно и дочекав да разберам дека со Мане Јаковлески барале атентатор. А имам список на уште дузина на такви мустри кои добија многу а после измислуваат причина за кавга“, напиша Георгиевски на Фејсбук.
Претходно, Георгиевски во изјава за Фокус ја обвини поранешната министерка Доста Димовска за истото, односно дека му спремала атентат.
Тогаш Димовска веднаш реагираше и отиде на средба со Георгиевски за да зборуваат за изјавата. По оваа средба Георгиевски остана без коментар и истото го нема повторено во јавност.