Атина обвиена со густ чад, евакуација на општините во источна Атика

од Stefanija Kuzmanovska

Драматична ноќ во северните предградија на Атина и областа на источна Атика! Пожарот што гори од вчера попладне се уште не е под контрола. Тој уништи стотици хектари и десетици куќи во делот на градот на 17 километри од центарот, три километри од Олимпиското село во Варибоби, Ахарнес, пренесе „Политика.рс“.

Од утрово, ситуацијата се уште е драматична иако противпожарните екипи го гаснеа пожарот цела ноќ! Атина е во густ облак од чад, Националната опсерваторија апелираше до граѓаните да не излегуваат надвор, да ги затворат сите прозорци бидејќи состојбата на атмосферата е критична и опасна за здравјето. Премиерот Кирјакос Мицотакис од утрово се наоѓа во загрозената област со членовите на персоналот за цивилна заштита со цел да ја разгледаат ситуацијата и итно да им пружат помош на жителите кои останаа на улица.

Сликата е драматична. Пожарот, кој ги зафати куќите во општина Варибоби од едната страна на автопатот Атина-Ламија, во текот на ноќта се проширил на четири соседни општини. Жителите беа евакуирани, пожарот го уништи централниот плоштад во Варибоби, изгореа куќи, индустриски постројки, борови шуми што го опкружуваат овој дел од Атина.

Детскиот камп „Среќно село“ беше евакуиран, а сообраќајот на делот од магистралниот пат кон Ламија беше во прекин со часови, објави „Политика.рс“.

Слични содржини