Демонстрантите почнаа да пристигнуваат на најавениот најмасовен митинг што се одржува во Атина во знак на протест против компромисот на грчаката влада со Скопје околу името на Македонија.

AP наведува дека учесниците на протестот пристигнуваат со стотици изнајмени автобуси, како и со траекти од грчките острови.
Организаторите на протестот се надеваат дека на плоштадот „Синтагма“ ќе се соберат милион луѓе.
Заради протестот грчката престолнина од утринските часови е блокирана и под „опсада“ на полицијата.
На демонстрациите ќе се соберат Грци кои се противат на употребата на зборот „Македонија“ во името на поранешната југословенска република Македонија.
„Катимерини“ пишува дека околу 1.500 автобуси се ангажирани да ги превезат демоснтрантите во престолнината, на протести кои почнуваат во 14 часот по локално време.
Се наведува дека се очекува присуство на повеќето пратеници на конзервативната Нова демократија, чиј лидер Кирјакос Мицотакис вели дека неговата партија ги почитува и оние кои избрале да учествуваат на протестот како и оние кои нема да бидат таму.
„Го почитуваме секој избор“, вели мицотакис.
Поранешниот грчки премиер Антонис Самарас ги поддржа демонстрациите, порачувајќи дека ова ќе биде „голем ден за земјата“.
Еден од главните говорници ќе биде грчкиот композитор Микис Теодоракис кој одлучи на насобраните да им се обрати лично, а не на видео порака, како пто беше порано планирано.
Заради протестот постепено веќе од рано утрото се затворени делови од центарот на градот, а трите централни метро станици во Атина се затворени од 10 часот. Грчките портали наведуваат дека ќе бидат распоредени 4.000 полицајци.
Грчката полиција има намера да подигне бројни бариери за да спречи судар на демонстрантите од Синтагма и учесниците во протестот кој за на пладне го најавија анархистите пред атинскиот универизтет.
„Катимерини“ наведува дека владата го намалила значењето на протестот во време кога преговорите на официјалните претставници на Атина и на Скопје влегуваат во критична фаза.
Грчкиот весник, повикувајќи се на неименувани извори, пишува дека денешните протести властите внимателно ќе ги следат и дека може да го модификуваат својот пристап.
Истовремено, обвинителот од рховниот суд наложи покренување истрага поради заканите на еден член на анархистичката груоа „Рувиконас“ дека крв ќе се лее на денешните протести.
Неодамна објавените анкети покажаа дека речиси 60 отсто од Грците се противат на употребата на зборот Македонија во името на поранешната југословенска република, додека 35 отсто од испитаниците велат дека не би имале против комбиниран назив во кој би се нашол и тој збор.
Истовремено, 65 отсто од изпитаниците позитивно гледаат на демонстрациите во врска со името Македонија, пренесува GreekReporter.com.
Повеќето гласачи на владејачката партија Сириза – 57 отсто од нив – верува дека е добро што таквите собири се организираат.
Протестите се одржуваат откако посредникот Метју Нимив ја посети Атина и Скопје, каде се сретна со официјалните претставници и функционери и разговараше за можните решенија за 25 годишниот спор.
НИмиц изјави дека е оптимист и дека двете страни имаат волја да пронајдат заедничко решение.
Последниот пакет предлози од Нимиц утврден по последната рунда преговори на Нимиц со министрите за надворешни работи на двете земји во Њујорк на 17 јануари, но до сега не е официјално претставен.
Според медиумите во прашање се пет предлози, Северна Македонија, Горна Македонија, Нова Македонија, Република Македонија (Скопје), Вардарска Република Македонија.
НИмиц потврди дека постојат разлики меѓу двете страни, но истакна дека сега е моментот да се реши повеќедеценискиот спор, што би придонело за развој на целиот регион.
Атина и СКопје се согласни да ги зајакнат преговорите за да постигнат спогодба, во спорот кој ги закочи амбициите на Македонија да се придружи на ЕИ и на НАТО.
Грција смета дека името македонија подразбира територијални претензии на нејзиниот северен регион, кој го носи истото име, а стотини илјади Грци се собраа во Солун минатиот месец во знак на протест против употребата на термиот Македонија во кое било решение.
Грција се противи на името Македонија откако земјата се оддели од Југославија во 1991 година.