Атмосферата во европскиот шампион никогаш не била полоша

од Stefanija Kuzmanovska
389 прегледи

Атмосферата во редовите на европските шампиони никогаш не била полоша оваа сезона. Имено, германски „Билд“ објави дека во Баерн имало конфликт помеѓу тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ. Прво пред седум дена, а потоа повторно по натпреварот со ПСЖ.

Постојат многу полемики околу одлуките на штабот, а Флик би сакал да има влијание врз трансферите, иако политиката на клубот е добро позната.

Најголемиот судир се случи во автобусот по враќањето од Рим, каде Баерн играше со Лацио. Прво размениле неколку груби зборови, а потоа Флик му рекол на Салихамиџиќ да „замолчи“, по што завладеало тишина.

Сега последната кавга беше околу Боатенг, чие заминување Флик не го поддржува, а го најави Салихамиџиќ.

– Јас воопшто не навлегувам во тоа. Не знам како тие работи излегуваат во медиумите, но и тоа не е важно. Секој знае што мислам за Џером и секој знае колку е добар играч. Одигра одлична сезона, минатата беше, исто така, одлична за него, тој е максимално фокусиран и правилно ги извршува сите задачи. Тоа е она што ќе го кажам, рече Флик по натпреварот.

Слични содржини