АТП откри колку тенисери примиле вакцина

од Nikola Popovski

Се поблиску сме до почетокот на новата тениска сезона, а првите турнири се играат во Австралија каде вакцинацијата на тенисерите е задолжителна.

Многумина не го коментираа тоа прашање, а еден од нив е Новак Ѓоковиќ, околу кого се крена најголема прашина, бидејќи се уште не се знае дали најдобриот светски тенисер ќе учествува на турнири на стартот од сезоната.

Според последните информации, 95 отсто од 100-те најдобри тенисери на АТП листата се вакцинирани, што значи дека само пет играчи досега не примиле две дози од вакцината.

Оваа информација ја потврди Сајмон Хигсон, кој се занимава со комуникации во име на АТП.

Хигсон му одговори на новинарот Џон Вертхајм на неговите претходни информации дека 80 од 100 најдобри тенисери во светот биле вакцинирани, нагласувајќи дека оваа информација е застарена и дека сега дури 95 од 100 најдобри тенисери во светот биле имунизирани.

Не се знае кои петмина не ја примиле вакцината, но многу дилеми ќе се решат на почетокот на годинава.

Новак Ѓоковиќ треба да учествува на АТП купот со Србија, а доколку се појави таму значи дека или ги примил потребните вакцини или добил лекарско ослободување.

Доколку реши да го прескокне тој турнир, дилемата ќе трае до почетокот на првиот Грен слем во сезоната.

Слични содржини