Авиокомпанија прифати карта стара 19 години

од desk2
91 прегледи

На многумина од нас им се случило да пропуштат да го искористат билетот или ваучерот на време, но еден маж од Северна Каролина беше повеќе од среќен кога сфати дека пронашол ваучер за авионска карта стар 19 години.

 

Џон Вокер пронашол ваучер од компанијата Јунајтед ерлајнс во вредност од 378 долари во коутија која ја чувал под креветот.

Ваучерот му бил доделен во 1998 година, откако не успеал да стигне на лет од Нешвил за Сакраменто, каде требало да присуствува на венчавка на својот шура.

Вокер побарал да му ги вратат парите, но компанијата му пратила писмо во кое објаснува, дека иако тоа не е можно, секако има право на ваучер кој ќе може да го искористи за некој следен лет.

Вокер се преселил, а ваучерот останал во кутијата. Со оглед што долго не патувал никаде, го пронашол неодамна.

Написот на ваучерот укажувал дека има важност засекогаш, што се испоставило дека е точно кога тој отишол во комапнијата и го покажал документот.

Иако Вокер немал право на тоа, затоа што ваучерите со назнака „засекогаш“ се укинати кога компанијата западнала во долгови, сепак од одделението за кориснички услуги решило да му го уважат ваучерот и да му даде замена.