Авион од Брисел ситгнал во Скопје, има патници со симптоми на грип

од Aleksandar Todeski
421 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција посочи дека во Скопје стигнал авион од Брисел во кој имало лица со симптоми на грип, кои веднаш ќе бидат проверени на Инфективната клиника.

Фото: Борче Поповски

„Слетан е авион од Брисел во кој има повеќе луѓе со симптоми, наши државјани. Се прави скриниг на сите патници, а тие со симптоми ќе бидат однесени на Инфективна клиника. Додека да стигнат резлтатите, останатите патници ќе седат на аеродромот, па ќе се одлучи дали ќе одат во самоизолација или пак во организираните места за изолација“, рече Филипче.

Тој истакна дека многу е важно да помине периодот на инкубација, па затоа има карантин кој трае 14 дена затоа што ако се направи тестот во меѓувреме, може да биде лажно негативен.

„Може човек да се охрабри, да не ја почитува мерката и после ден-два да покаже дека е носител. Затоа и има период на изолација и самоизолација. Планираме и малку пошироко тестирање, се прават анализи за тоа, пред се во регионот на Струга, каде што знаеме дека имале интензивна комуникација со Дебар и тој регион. Се правеше таму анализа и врз основа на тоа ќе видиме како ќе постапиме“, посочи Филипче.

Слични содржини