Австралијанец починал во агонија откако на кладба изел гуштер

од desk2
207 прегледи

Татко на три деца од Австралија почина во тешка агонија , откако пред десет дена изел гуштер поради кладба со пријателите.

Дејвид Дауел од Квинсленд починал во болница откако му била дијагностицирана хрионична салмонелоза. Повраќал зелена течност , а од стомакот му се цедела течност насобрана во телото.

Денеска , половина година по неговата смрт , семејството бара одговори кој е виновен за неговата смрт и што точно се случило на забавата , каде што паднала кладбата.

,,Не постојат докази дека изел гуштер , зашто неговите пријатели на почетокот рекоа дека виделе како го голтнал геконот , а потоа дека ништо не виделе. “, вели неговата ќерка за медиумите.

Докторите , пак , и рекле на сопругата дека е сосема веројатно дека ја геконот предизвикал тешката инфекција.

Семејството тврди дека докторите прво одбиле да го примат Дејвид во болница , велејќи дека најверојатно е само мамурен. За помалку од две недели ,тој починал. Истрагата се уште не е затворена.

Слични содржини