Тоа може да се однесува и до луѓето кои допрва очекуваат одговор на барањето за азил
Австриското Министерство за внатрешни работи подготви нови предлози за затегнување на миграциското законодавство, пренесе ТАСС . Според објавеното судовите во кривичните предмети ќе добијат право да лишуваат мигранти од бегалски статус, ако извршат кривично дело.Според министерството оваа мерка ќе овозможи да биде забрзана постапката. Новиот амандман ќе им овозможи на кривичните судски состави како да лишуваат бегалците од веќе добиен статус , така и да прекинуваат постапки за добивање на иситите Сегашната постапка по прашањето за одземање е премногу тешко и бара многу време.Сеуште не се прецизира за какви злосторства бегалците ќе бидат лишувани од својот статус.