Автобус со српски туристи каменуван во Македонија

од Vladimir Zorba

Српски граѓани во земјава доживеаја голема непријатност кога се враќале од Грција.

Според нив, биле нападнати од група малолетници кои фрлале камења кон нивниот автобус.

За среќа нема повредени.

„Вечерва на враќање со автобус од Грција се случи нешто непријатно. Од надвозник во Македонија бевме гаѓани со камења. За среќа, стаклото не се скрши целосно и децата што седеа таму не беа повредени. Ние подоцна бевме известени дека тоа го направила група малолетници, дека не сме први на кои ова им се случува, а се почесто и се случува. Знаат кој се работи и не гледам ништо да се пишува каде и да е. Овде сакам да го свртам вниманието на возачите да внимаваат кога поминуваат под надвозници низ Македонија“, напиша Сања М. на Фејсбук страницата „Во живо од Грција“.

Слични содржини