Автомобил кој се запалил предизвика експлозија во Истанбул (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во квартот Фатих во Истанбул синоќа дошло до експлозија, откако се запалил автомобил.

Според првите информации нема загинати и повредени.

Експлозијата настанала поради истекување на гориво од автомобилот, пожарот зафатил уште четири автомобили, но со брзата реакција на противпожарната бригада брзо бил изгаснат.

Некои локални медиуми претходно објавија дека вечерва во Истанбул „се случила нова експлозија“, два дена по терористичкиот напад во кој загинаа шест лица, а повеќе од 80 лица се ранети.

Да потсетиме, во неделата шест лица загинаа, а повеќе од 80 беа ранети во експлозија на авенијата Истиклал, популарно туристичко место со бројни продавници и ресторани, во близина на плоштадот Таксим во Истанбул.

Слични содржини