Азар одговори: Не ме интересираат коментарите на Сари

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Челзи, Еден Азари, кој вчера беше избран за играч на натпреварот во дербито против Тотенхем, изјави дека не е заинтересиран за критичните коментари на својот менаџер Маурицио Сари.

Италијанецот рече дека Азар не е лидер на тимот, туку индивидуалист и неговиот потенцијал е поголем од она што гопокажува.

Запрашан по дуелот за изјавата на менаџерот, Азар одговори: „Ако треба да сум искрен, не ме интересира. Јас само го играм својот фудбал, без разлика што рекол менаџерот. Едноставно се фокусирам на овој тим и сакам да направам најдобро за него. Денес успеав и сум среќен поради тоа“.

Азари се запиша за 2:0, но потоа Фернандо Љоренте врати еден гол за Тотенхем и исходот од ова полуфинале во Лига Купот требаше да се реши по пенали. Белгиецот беше прогласен за петти изведувач, но не доби шанса да шутира од белата точка, бидејќи неговите соиграчи ги постигнаа првите четири удари од 11 метри, додека Ерик Даер и Лукас Моура пропуштија за Тотенхем.

Така, „сините“ се квалификуваа за финалето, каде што ќе се сретнат со Манчестер Сити.

Слични содржини