Азербејџан ја презеде контролата над Мадагиз во Карабах

од Vladimir Zorba

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави дека армијата на неговата земја го зазеле селото Мадагиз на линијата за одвојување во Нагорно-Карабах.

– Денес, азербејџанската армија го постави азербејџанското знаме во Мадагиз. Мадагиз е наш – напиша претседателот на својата страница на Твитер.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан, претходно објави дека силите за противвоздушна одбрана на армијата Нагорно-Карабах собориле азербејџански хеликоптер, според Танјуг.

Таа изјави дека армијата за одбрана на Нагорно-Карабах „уништила голем број оружје и персонал“ за време на нападот врз единицата на азербејџанските вооружени сили.

Слични содржини