„Бабо, види го стадионот“: Отиде во Лондон, па се јави дома (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Реакција која ги воодушени многу љубители на фудбалот на овие простори.

Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ ги засили редовите на Тотенхем, откако како слободен играч пристигна од Интер.

Тој не го продолжи договорот со италијанскиот клуб, па повторно ќе соработува со Антонио Конте, а по неговото пристигнување направи шоу јавувајќи ѝ се на баба му, која е во Хрватска.

„Еве го стадионот на бабо, види! Поздрави ги сите, морам да одам“, рекол Перишиќ во видео-повикот.

Неговиот потег не остана незабележан на социјалните мрежи, а многу фанови на „петлите“ го испратија со позитивни реакции.

Потсетуваме, Перишиќ досега настапуваше во неколку клубови, израсна во Сплит, а меѓу другите играше и за Сошо, Борусија Дортмунд, Бриж, Баерн Минхен.

Слични содржини